25 Април, 2024
0.0267

Нов пакет мерки за загрозените семејства од поплавите

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Инфраструктурна поддршка, поддршка на земјоделците, и санација на живеалиштата, ова е вториот пакет мерки за помош на оштетените од поплавите за кој  денеска на прес конференција информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Прва категорија, појасни тој, се објекти кои немаат видливи конструктивни оштетувања, освен влагата и оштетувања на мебел и покуќнина, а во кои по нивното чистење и дезинфицирање непречено би можело да се живее. Втора категорија се објекти кои немаат видливи оштетувања на конструктивните елементи, но за кои се потребни дополнителни санациски мерки и занатски работи како промена на под, врати, внатрешно санирање на просториите, санитарниот јазол... Трета категорија се објекти кои имаат делумно оштетени конструктивни елементи кои треба да бидат санирани со доѕидување, бетонирање..., а им се потребни и пообемни занатски работи кои би требало да бидат завршени не подолго од 10 до 30 дена. Четврта категорија се објекти кои имаат делумно или целосно оштетени конструкциски елементи за кои се потребни поголеми санациски мерки и пообемни занаетчиски работи кои треба да бидат завршени за не повеќе од 30 дена. На лицата за чии објекти ќе биде заклучено дека не може да бидат санирани ќе биде обезбедено долготрајно сместување по критериум на лица во социјален ризик. - За таа цел во наредните денови тимови од МЗШВ ќе направат конкретна пресметка на оштетувањата на секое индивидално земјоделско стопанство, а потоа ќе биде определена сумата за помош и поддршка. Првичните проценки говорат дека вкупната површина погодена од поплавите се проценува на околу 10 илјади хектари. Од нив околу 4 илјади се под житни култури, а 600 хектари под овошен и лозов насад. Останатите 5 илјади хектари се под градинарски култури. Информациите од Земјоделски факултет и стручните служби говорат дека житните култури и овошните и лозовите насади не би требало да претрпат оштетувања од поплавите поради тоа што водата е веќе повлечена, рече Ѓорѓиев. Владиниот портпарол на денешната прес-конференција информираше дека последици од поплавите претрпеле 831 семејство или околу 3.800 лица. - Денеска треба да биде завршена исплатата на еднократната парична помош од 15.500 денари по семејство. Средствата се трансферирани по основ на елементарна непогода и кога ќе легнат на трансакциските сметки извршителите треба да се воздржат од извршување на овие средства доколку некои од лицата имаат нерасчистени должнички обврски по друг основ, истакна Ѓоргиев. Тој додаде дека до крајот на неделата треба да биде завршена доставата на облеката и обувките до загрозените лица.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет