Добивај вести на Viber
Државниот дефицит на Франција е намален во ноември за 6,2 милијарди евра во однос на истиот период лани кога изнесувал 103,4 милијарди.Како што објави француското Министерство за буџет, дефицитот кон крајот на ноември во 2012 година, изнесувал 97,2 милијарди евра, што е во согласност со проценките на Владата.
Според прогнозата, дефицитот на Франција за декември ќе достигне 87,2 милијарди евра што е за милијарда повеќе од очекувањата. Сепак, Франција им вети на своите европските партнери дека 2013 година ќе ја заврши со намален дефицитот од 4,5 на 3 отсто од БДП.