Нов проблем на релација Катар - Саудиска Арабија
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
Лидерите на Катар и Саудиска Арабија денеска по телефон разговараа по блокадата од пред три месеци, а сега зборовите кои си ги разменија доведоа и до нов спор.
До вакви разговори дојде затоа што емирот од Кувајт не беше успешен во преговорите.
Тој во четвртокот разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп во Вашингтон и тој понудил арбитража.
Од Катар и Саудиска Арабија се согласиле дека мора кризата да се реши со дијалог со цел стабилност.
Но, Саудиска Арабија остро реагираше на оваа вест и кажа дека она што Доха го тврди нема врска со вистината.
Оттаму велат дека Катар не е сериозна и дека продолжува со старата пракса.
Од Саудиска Арабија рекоа дека ќе ги суспендираат сите разговори со Катар се додека јасно не ги соопштат и објаснат своите ставови.
Катарската криза почна на 5 јуни кога сите арапски земји почнаа со блокада кон неа.