НОВ РЕКОРД: Незапирливиот биткоин ги преминува сите граници
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2017
Биткоинот собори уште еден рекорд и сега чини 7 998 долари.
Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед на тоа дека во еден момент падна на 5 500 долари.
После тоа, неговата вредност растеше, за да во меѓувреме порасне на 45 отсто.
Истовремено, пазарната вредност на биткоинот, или вкупната вредност на тие монети во оптек, порасна од 92 милијарди долари на 133,5 милијарди долари.
Вредноста почна да паѓа после пропаднатиот план на надградба на биткоинот под името Segwit2x (или накратко 2х), која би овозможила побрзи трансакции и ново отцепување на биткоинот.