Нов скандал на Кипар, кој кого лаже?
Објавено во: Свет 09 Април, 2013
Се разгорува скандалот меѓу институциите во Кипар. Прво Парламентот ја обвини централната банка за неоткривање на целосна информација за сопствениците на банкарски депозити, а потоа и кипарските законодавци ја запреа истрагата на лица и компании, за кои се тврди дека изнеле милиони евра од своите влогови во Банката на Кипар и во кипарската Народна банка.
Според изнесените информации, повлекувањето пари се случило од 1 до 15 март, точно пред постигнатиот договор меѓу Владата и Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити, како мерка за надминување на кризата на островот.
Етичката комисија при кипарскиот Парламент денеска ја запре истрагата, протестирајќи против тоа што централната банка не сакала да ги достави целосните информации за повлекување средства од двете банки.