28 Март, 2024
0.0252

Нов софтвер на ЗАМП и ММИ за кафулиња и хотели, кој слуша мак-музика, ќе плаќа!

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Приватните медиуми покренуваат иницијатива за преиспитување на комплетното финансиско работење на ЗАМП и ММИ, тие пак упорни во својата замисла, тестираат нов софтвер со кој ќе контролираат, кој, што емитува. Здружението на приватните медиуми (ЗПММ), во четвртокот, во Кавадарци одржа состанок во проширен состав на кој зазеде став во врска со последните случувања околу наплатата на авторските права. Адвокатскиот тим на здружението деновиве ќе испрати барање до УЈП, финансиска полиција, но и до обвинителството да се преиспита комплетното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на ЗАМП и новото здружение за заштита на авторските права ММИ. Реакцијата доаѓа откако во јавноста веќе излегоа детали во врска со нивното работење. Паралелно со тоа ќе се испрати барање до Министерството за култура да се стопира работата на новото здружение ММИ се до завршувањето на истрагата. Музичарите пак ја тераат својата правда И дел од музичкиот еснаф иако јавно никогаш не соопштуваат, сметаат дека ЗАМП работи нетранспаретно. Според некои од нив, нејасно е како функционира Управниот одбор на ЗАМП, дали тие добиле извештај за тековните активности, има ли конкретна анализа за работата на ова тело, постои ли стратегија со која ЗАМП како музичко здружение навистина ќе придонесе во развојот и квалитетот на македонската музика во сите нејзини подвидови. Она што го откривме е дека овие денови интензивно се работи на тестирањето на софтвер со кој ќе може да имаат увид во емитувањето на македонската музика. Ваков обид имаше и претходно, лани во текот на летото, но тој бил со неприфатливи услови, финансиски бил неисплатлив, па затоа никогаш не стаса до неговата практична реализација. Музичките работници сеуште скептични и за функционалноста на овој софтвер, кој се проверува во одбрани радио станици. Сметаат дека и до неговата реализација нема да се стаса. Битка против ЗАМП И ММИ во три чекори Здружението на приватните медиуми на Македонија дека имаа конретна стратегија со која ќе се спротистават на ЗАМП и ММИ. Според нив, во првата фаза, ќе започнат со емитување на унифицирани радио и Тв пораки до гледачите и слушателите на секоја македонска песна која ќе се емитува на нивната програма. Целта на овој чекор е граѓаните да се запознаат со штетноста по македонската музика од овој начин на наплаќање на авторските права во Република Македонија. Овој протест ќе се одвива паралелно со покренатата законска иницијатива за преиспитување на работата на Здруженијата ЗАМП и ММИ. Во втората фаза ќе се направи прекин на програмата во траење од 5 минути, а како трет чекор од здружението се согласни сосема да се прекине со емитување на македонската музика. На овој состанокот едногласно е прифатено да се бара намалување на процентот што од електронските медиуми по основ на авторски права го собира ЗАМП и да се врши наплата од Нето сретствата остварени од страна на медиумите, а не како досега од комплетниот приход на радиодифузерите. Во Здружението на приватните медиуми (ЗПММ) членуваат околу 90 медиуми од целата држава и тие во повеќе наврати јасно ставија до знаење дека се против ваков начин на наплата на авторски права во државава, особено во период на голема криза. Докажете дека не пуштате музика Медиумите не се единствените кои се на „мета“ на новите давачки. Хотелиерите ќе треба да издвојуваат голем дел од своите приходи за плаќање на авторски права за новото здружение ММИ и покрај тоа што редовно ги исполнуваат своите обврски кон постоечкото здружение ЗАМП. Прво ХОТАМ, а од пред неколку дена и Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Република Македонија ја поддржаа иницијативата за измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права. Нема да плаќаат само доколку докажат дека не се емитува музика во нивните објекти. Тие истакнаа дека за нивните членови е неприфатливо постоењето на граѓанското здружение Македонска музичка индустрија (ММИ). Од друга страна, ММИ даде свое мислење до Уставниот суд во врска со иницијативата на ХОТАМ. Тие сметаат дека оваа иницијатива е неоснована во целост. Според нив нема потреба од поедничени меѓусебни договори, затоа што тие имаат лиценца за колективно управување. Култура сака увид во работата на ЗАМП и ММИ Од надлежното Министерство за култура, по реакцијата на националните телевизиски куќи, а по барање на Министерството, е доставена документација во врска со актуелните случувања. Министерството за култура, формираше комисија која ќе направи увид на пристигнатата документација, доставена од Тв Канал 5, Сител и Алсат М по што јавноста дополнително ќе биде информирана за преземените мерки согласно со Законот за авторското право и сродните права. Македонска музика на инфузија Додека сите тераат правдина, најголеми штети трпи македонската музика. ЕУ издвои милион евра за подршка на бугарските турбофолкери. За да дојде до средствата, сопственикот на Пајнер, Митко Димитров тврди дека презентирал проект кој имал за цел да ја поттикне и зајакне конкурентноста на компаниите на домашниот пазар, благодарение на помошта на модернизацијата како и одржливиот економски раст за водечка позиција на компанијата. Ова покажува дека во 21 век без добра бизнис стратегија, не може да помине ни музиката. За жал, ние сеуште сме далеку од стратегија за поттикнување и развој на македонската музика. Се додека е така, ќе трпи македонската музика во сите нејзини подвидови. А земја без музика е земја без идентитет. Вики Ристоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат