25 Април, 2024
0.0264

Нов Тренд – Second Screen

Објавено во: Анализа 27 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Или ако сакате на македонски, втор екран. Велат дека само Наполеон можел да работи повеќе работи одеднаш. Не знаеме дали било навистина така, но доколку сте еден од оние кои поседуваат паметен телефон или таблет веројатно многу често правите две работи во исто време – паралелно гледате телевизија и работите на вашиот таблет. Еве еден график кој го позајмивме од Бизнис Инсајдер дава интересни податоци на оваа тема: Дури 85% сопствениците на таблети во некој момент парарелно гледаат телевизја и се на интернет. Со текот на времето оваа ситуација ќе стане пракса и ќе се менува начинот на рекламирање и маркетинг. Велат дека една од причините што некои тв емсии во холивуд стануваат помалку тешки за следење те немаат некој тежок заплет е  што се поголем број на гледачи парарелно се на нивните таблети. Значи со полесна ТВ содржина нема да пропуштат што се случува макар и да не следат редовно. Со текот на времето ова ќе предизвика промени и на телевизијата и на маркетингот. Останува да дознеме како, а за крај уште неколку податоци на оваа тема: -Рапидно расте парарелно следење на интернетот на телефонот и на телевизијата. 60% од американците со плати над 50.000 годишно паралелно гледаат телевизја и се на својот телефон, додека 85% од младите луѓе ја прават истата работа -74 милијарди долари се трошат за маркетинг на телевизија годишно во САД. Доколку само мал дел се насочи во овој потенцијално нов канал на рекламирање, ова ќе значи огромен потенцијал за мобилната рекламна индустрија -Луѓето и порано паралелно биле на два екрани. Меѓутоа со појавата на таблетите таквата активност, станува многу полесна. Сигурно е подобро кога пред вас е таблетот, наместо лаптопот. Редакција Фактор