НОВ УДАР ЗА ТРАМП: Екс директорот на ФБИ ќе сведочи за руското мешање во американските избори
Објавено во: Свет 20 Мај, 2017
Поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми се согласил јавно да сведочи за мешањето на Русија во претседателските избори оддржани минатата година, објавија денеска претставници.
„Се надевам дека сведочењето на екс директорот на ФБИ Коми ќе помогне да се добијат одговори на прашањата кои се појавија откако претседателот изненадно го смени од функцијата“, соопштил член на Сенатскиот Одбор за разузнавачки служби, демократот Марк Ворнер, пренесе АФП.
Како што се наведува, сослушувањето ќе биде организирано по Денот на сеќавањето, 29 мај.
И понатаму се чека реакцијата на Трамп на оваа вест, а тој тргна на прва меѓународна турнеја по стапувањето на функцијата.