20 Април, 2024
0.0257

Нов Зеланд и Фиџи ја дочекаа Новата Година

Објавено во: Стил 31 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Новата година пристигна на Нов Зеланд и на Фиџи на пладне по средноевропско време, а потоа 2013 година ќе ја дочекаат другите острови во Тихи Океан.

Први Новата година ја дочекаа жителите на Божиќните Острови0 и на Република Кирибати, со околу 13 часа разлика во однос на средноевропското време, а островот Четам во близина на Нов Зеланд славеше 15 минути подоцна.

Во 13 часот, по средноевропско време во Новата година влегуваат Маршалските Острови и источните делови на Русија, а еден час подоцна Новата година ќе ја дочекаат Австралијанците.

Во сиднејското пристаниште Нова година ќе биде дочекана со огномет со звуци и бои што ги избра Кајли Миног, која е домаќин на забавата, која чини 6,6 милиони австралиски долари.

Со огномети ќе биде поздравена Новата година и над Темза во Лондон, на Црвениот плоштад и над Кремљ во Москва, како и во Центарот на Куала Лумпур, во Тајпеј, во Стокхолм, во Амстердам и во многу градови ширум Кина.

Во Хонг Конг новогодишниот огномет ќе чини 12,5 милиони хонгконшки долари. Традиционално најголемата прослава во Њујорк се организира на Тајмс сквер, додека во Рио де Жанеиро ќе има 16-минутен огномет над Копакабана, додека во Берлина огнометот ќе биде над Бранденбуршката порта.

Во Дубаи се планира раскошна свечаност во Бурџ Калифи, највисоката кула во светот, околу која ќе има огномет со музиката на филхармонијата од Прага.

Во Париз властите забранија употреба на пиротехнички средства, а граѓаните Новата година ќе ја дочекаат на Елисејските полиња и околу Ајфеловата кула.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган