29 Март, 2024
0.0258

Нова алатка: Поставeте Facebook албум како галерија во постови на вашиот вебсајт

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во пракса голем дел од фотографиите од настани се објавуваат на Facebook. Па така за сите блогери или новинари кои имаат потреба од претставување на фотографии при пишување на статија за одреден настан, ќе можат да ја користат алатката за поставување на Facebook албуми во рамките на своите веб статии или постови. Ова е корисна алатка за олеснето креирање на веб содржини, без потреба од сечење на фотографии или нивно поставување на вашиот веб сервер. Алатката е крирана како дел од EmbedSocial програмата на компанијата im.mk, за зголемување на друштвената интеракција на веб содржините. Поставете само линк од албумот што сакате да го внесете во вашиот пост и автоматски ќе биде генериран код што едноставно ќе треба да го поставите во HTML/от на вашиот пост. Алатката е бесплатно достапна на следниот линк: http://embedsocial.com/embed-gallery.php