25 Април, 2024
0.0307

Нова држава во Европа?

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Малата и оддалечена автономна област Фарските Острови, кои се наоѓаат на 990 километри од Данска, се соочуваат со најголемиот предизвик во својата историја - „одвојување“ на својата независност и отцепување како самостојна држава.

Фарските Острови се протегаат среде Атлантскиот Океан, меѓу Норвешка и Исланд. Областа им е близу 1400 квадратни километри, а населението - околу 50 илјади лица од 77 националности. Во моментов тие не се дел од Европската унија, иако се дел од Данска. На островите се наоѓа и единствениот мост над Атлантикот во светот.

Парламентот на Фарските Острови одлучи на 25 април 2018 година да се одржи референдум на кој ќе се одлучи дали ентитетот има потреба од нов устав. Ставот на Данска е дека таа нема да ги спречи, ако сакаат независност,.

Во моментов токму Данска одговара за одбраната, органите на редот, надворешната и монетарната политика на островите. Исто така плаќа и субвенција од околу 100 милиони долари за локалната економија. Контрадикција помеѓу двете страни е локалниот јазик, кој Данска не дозволува да се користи како официјален. Интересен факт е дека на Фарските Острови нема затвори и криминалците се транспортираат до Данска.

Премиерот на автономната област Аксел Јохансен смета дека по независноста на земјата, следниот чекор е референдум за членство во ЕУ. Тој е на мислење дека одговорноста за донесување на важни одлуки, треба да се префрли на граѓаните. „Тоа ќе биде триумф за Фарскиот народ и демократијата на Фарските Острови“, категоричен е тој.

Граѓаните на островите се поделени речиси половина за позиција за независност и отцепување од Данска. Во 1946 година е одржан референдум за одвојување на островот, на кој 51% од жителите гласаа за отцепување, но Данска не испочитува резултатот.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови