18 Април, 2024
0.0247

Нова победа: Зошто Ауди е супер бренд?

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Втор пат по ред, Ауди победи на трката 24 часа Ле Ман со хибридниот тркачки автомобил со „quattro“ погон, што е продолжување на успешната приказна на најважната светска трка во издржливост. Лошите  временските услови резултираа со бројни инциденти, а безбедносното возило се појави вкупно единаесет пати. Повеќе од пет часа се возеше според правилата на „жолтото“ знаме додека патеката не беше расчистена и додека не беа направени потребните поправки. Трите „Audi R18 e-tron quattro“ автомобили,  беа најбрзите како и најефикасните автомобили во текот на целата трка. Победата ја остварија Дувал од Франција, Кристенсен од Данска и Мекниш од Велика Британија. „Дванаесеттата победа за нашиот бренд, ние им ја должиме на нашите инженери, на нивниот конзистентно  иновативен дух, на безусловната заложба на целиот тим како и на вештината и челичните нерви на нашите возачи. Во име на Ауди, искрено им ја честитам победата на сите", изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на „AUDI AG“ „Ова претставува уште еден голем успех за хибридниот систем на Ауди кој повторно доминираше со новите технологии, од кои во иднина нашите клиенти,ќе имаат корист.Тука се LED светлата со матричен сноп, кои ги осветлуваа свиоците во текот на ноќта – што е клучна предност за Ауди на Ле Ман“, додаде Штадлер.  

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре