Нова средба за нафтата, што ќе решава ОПЕК?
Објавено во: Економија 03 Декември, 2016
По 50-годишна контрола на цените на нафтата, ОПЕК се предаде пред економските сили.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе се сретне со земјите кои вадат нафта, но не членуваат во организацијата. Средбата ќе се одржи следната сабота, на 10 декември во австриската престолнина Виена, каде е и седиштето на организацијата.
Целта е да се постигне договор и да се финализира глобалниот пакт за ограничување на производството. Претходно оваа недела во рамките на организацијата земјите членки се согласија да го намалат со заеднички напори производството на нафта со околу 1,2 милиони барели дневно од почетокот на јануари.
Надежите на ОПЕК се дека земјите производители надвор од организацијата ќе се согласат да ја намалат дневната продукција со уште 600 илјади барели на 24 часа.