Нови 10.000 откази во Шведска
Објавено во: Свет 13 Декември, 2012
За околу 10.000 луѓе во Шведска се најавени отказни решенија во текот на ноември годинава, се наведува во најновиот извештај на шведскиот Завод за вработување.
Во октомври веќе беа најавени 10.300 откази. На крајот на ноември годинава 403.000 лица, или 8,6 отсто од работно способното население, кои се водат во регистарот на Заводот за вработување, биле невработени или опфатени со разни мерки на шведскиот пазар на трудот. Станува збор за зголемување на бројката на невработени лица за 26.000 во споредба со истиот период лани. Невработеноста е во пораст во поголем дел од шведскиот региони. Најниска невработеност од 6,3 проценти е регистрирана во регинот на Упсала.