29 Март, 2024
0.0279

АНАЛИЗА: Нови кредити крпат стари долгови!

Објавено во: Анализа 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

За само пет месеци, од почетокот на април заклучно со крајот на август, Владата на домашен терен се задолжила со 203 милиони евра . Откако најави дека  до крајот на годинава  ќе запре со земање на кредити во странство, државата се сврте кон задолжувања дома, преку продажба на државни записи.  Салдото на  внатрешните  долгови на власта  по основ на државни записи надмина половина милијарда евра и според последните податоци изнесува 577 милиони евра. Точно е дека задолжувањето на домашниот пазар и во домашна валута долгорочно е најдобриот и најефтиниот извор за финансирање на буџетскиот дефицит, но дали тоа се прави на вистински начин –  прашува  Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финасии од редовите на СДСМ.
“Во последните неколку години има неколку погрешни тенденции. Прво, сметам дека задолжувањето е превисоко и сега државата се соочува со зголемување на буџетскиот дефици до ниво од 3,5% од БДП, што е премногу за економијата и за капацитетот на јавните финасии во земјава. Дефицитот под итно треба да се спушти на ниво од максимум 1 – 1,5 отсто од БДП годишно “ – смета Поповски .
Анализата на ФАКТОР покажува дека само за пет години, внатрешното задаложување се зголеми за фантастични 420 милиони евра . Еве како се движеше трендот на пораст за задолжувањето преку записи и обврзници на домашен терен :
Година                       салдо ( милиони евра )
2007                                156,5
2008                                122,0
2009                                209,2
2010                                310,6
2011                                354,6
2012( август)                 576,9
Економистите се согласни дека задолжувањето на домашен терен е поевтин и посиурен начин  за кредитирање на буџетскиот недостаток на пари, но  предупредуваат дека и овој концепт може да биде “опасен“ ако во исто време државата се задолжува и од странство.
И покрај предупредувањата на меѓународните финасиски институции и на дел од експертската јавност дека јаниот долг  не треба да го надмине сегашното ниво на задолженост поради опасноста економијата да ја загуби финасиската кондиција за отплата на долговите, Министерот за финасии Зоран Ставрески уверува дека Македонија останува во зоната на ниска задолженост.
“Во текот на оваа година Владата исплаќа 145 милиони евра обврски кои значат намалување на долгот, но во исто време за следната година предвидени се 345 милиони евра да се вратат по основ на обврски што се земени претходно, од кои 175 милиони евра е Еврообврзницата што доспева на 8 јануари 2013 та“ – вели министерот за финасии.
За разлка од Ставрески , неговиот претходник од Владата на СДСМ останува на ставот дека континуираните задолжувања мора да запрат .
“Владата продолжува и со задолжувањето кон надворешните девизни пазари, а знаеме дека токму таквото задолжување понатаму предизвикува проблеми и на фискалната и на монетарната страна. Според сегашните најави, следната година  целиот дефицит во висина од околу 250 милиони евра ќе се обезбеди со странски девизен кредит што делува многу депресивно за економијата “ – вели Поповски.
Во очекување на овие 250 милиони евра , зад кои како гарант стои Светската Банка, владата продолжува со задолжувањата на домашниот пазар. За краток период од само триесетина денови, Владата освен краткорочни записи  издаде и три  нови Обврзници :
Рочност                                   камата
3 – годишна Обврзница             5,3%
5 – годишна Обврзница             5,5%
5 – годишна Обврзница             5,5%
Вкупниот Јавен долг, заклучно со август годинава изнесува 2 милијарди и 364 милиони евра, од кои 1,6 милијарди евра се долгови кон странство, а 700 милиони евра се долгови по сите основи кон дома .
Според најавената динамика, до крајот на оваа календарска година  има најавено уште седум аукции на државни записи преку кои ќе обезбедува средства за покривање на тековниот минус во буџетската каса . Најголем дел новите задолжувања се користат за враќање на стари долгови по основ на доспеани записи.
 Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот