20 Април, 2024
0.0250

НОВИ МЕРЕЊА: Штедењето порасна за 60 милиони евра – генератор денарските депозити!

Објавено во: Финансии 22 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Февруарски пораст на депозитната база регистрираше Народната Банка. Во вториот месец од годинава вкупните депозити на ниво на банкарскиот сектор достигнаа ниво од 4 милијарди и 280 милиони евра. Во однос на јануари, растот изнесува скоро 50 милиони евра. Според најновите податоци на НБРМ, пораст има и кај штедењето во девизи и кај штедењето во денари, кое и натаму доминира во вкупната валутна структура на депозитите. Така, во февруари вредноста на денарските депозити изнесува 2,4 милијарди евра додека на девизните 1,8 милијарди евра. Според мартовската анализа на НБРМ остварениот раст на депозитите целосно се должи на штедењето во денари, додека растот на девизните депозити е незначителен. Учеството на денарските депозити во февруари од 50% се зголеми на 50,3%. “На крајот на февруари, годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 5,6% и е над проекцијата според која се предвидуваше раст од 3,9% за првиот квартал. Притоа, вкупните депозити се повисоки од нивото проектирано за првото тримесечје на 2014.“ – пишува во најновиот мартовски извештај на НБРМ во кој се констатира дека растот на депозитите главно го повлекува населението додека приватниот сектор учествува со 20% во вкупниот раст на депозитната база. Во февруари граѓаните во банките на штедна книшка чувале 3,1 милијарда евра. По јануарското топење на депозитите на приватниот сектор, во февруари се забележува пораст, па така депозитите на фирмите достигнаа ниво од 902 милиони евра. Во исто време Народната Банка регистрираше намалување на јазот меѓу каматите што банките ги исплаќаат за девизните и за денарските кредити. Во февруари каматните стапки за денарските кредити се намалиле за 0,2 а за девизните депозити за 0,1 процентен поен. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин