20 Април, 2024
0.0273

Нови мотори подготвува Опел

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2013

Добивај вести на Viber

До 2016-та година Опел има во план да претстави  нова линија на мотори, која ќе им биде понудена на купувачите во 13 варијанти, заедно со неколку нови автоматски и мануелни менувачи. Потполно новиот 1.6 CDTI мотор премиерно ќе биде претставен во текот на летото на новата Зафира со седум седишта, а потоа ќе биде додаден во останатите модели во варијанти од 95KS до 160KS. Со алуминиумски блок, стоп-старт систем и напредна технологија за пумпите за масло и за вбризгување на гориво, овие мотори ќе трошат 4.1 литри гориво на 100km и ќе емитуваат CO2 од 109g/km, а ќе овозможуваат забрзување од 0 од 100km/h за 11.2 секунди. Од Опел нудат  и нов „Performance Turbo 1.6 SIDI Eco Turbo“ мотор со 170KS. Опел ветува дека овој агрегат ќе биде за 13 проценти поштедлив во споредба со актуелниот 1.6 турбо мотор, со максимален вртежен момент од 300Nm, што е подобрување за 30 проценти. Првиот модел кој ќе го добие овој агрегат е Астра GTC. Купувачите ќе имаат на располагање и нов еднолитарски троцилиндричен турбо-бензински мотор во моделот Адам. Продажбата на овој автомобил со споменатиот агрегат ќе започне на почетокот на 2014-та година. Се очекува Опел да престави го претстави и подобрениот шестостепениот мануелен менувач, како и осумстепениот автоматски менувач за Инсигнија, но и петостепениот мануелен менувач за Адам и Корса.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга