Нови насади на маслинки, оранжерии и рибници во Македонија
Објавено во: Агробизнис 12 Ноември, 2012
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица кои ги исполнуваат условите наведени во огласот.
Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да аплицираат немаат ниту непрофитните организации. Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата се должни да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Рокот за аплицирање е 20 дена од денот на објавување на огласот, а потребниот образец за аплокација може да се подигне во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.