28 Март, 2024
0.0267

Нови облаци над Сирија

Објавено во: Свет 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Трагичниот инцидент со хемиското оружје во Идлиб во Сирија навестува надоаѓање на нови експлозивни облаци над Сирија. Во моментов не е јасно дали станува збор за напад со хемиско оружје од страна на армијата на Сирија или пак нејзин воздушен напад врз цели на противниците на сириската власт, меѓу кои наводно имало и складишта со хемиско оружје. Која и да е вистината, во очекување на нејзиното утврдување светот веќе се подели на табори. 

Запад по обичај веднаш за трагичниот настан ја обвини власта на сирискиот претседател Башар ал Асад, па дури во СБ на ОН, беше подготвена резолуција за осуда на употребата на хемиско оружје од страна на силите на Асад. Русија, од друга страна, се закани со вето, доколку не се промени едностраноста на резолуцијата со која однапред вината се префрла само не една страна. Па сега таа најавува своја резолуција или во најмала рака заеднички усогласен документ.

Во очекување на таков документ светот врие од најразлични барања и најави. Доаѓаат од Британија, од Германија, но во центарот на вниманието е американскиот претседател Доналд Трамп. Американски медиуми известија вчера дека Трамп разговарал со членови на американскиот Конгрес за можноста од воени мерки против Сирија. Па дека од Пентагон веќе му подготвиле варијанти на воени одговори. Самиот Трамп демантираше дека разговарал во Конгресот за некакви воени мерки, но навести дека против Асад мора да има некаков одговор. Тој не исклучи и телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на оваа тема.

Можно ли е Асад да наредил употреба на хемиско оружје? Москва се обидува да им објасни на своите западни партнери дека Асад не е толку луд да го користи хемиското оружје, особено во моменти кога и САД и други западни земји изјавуваа дека нивна цел веќе не е соборување на сирискиот претседател, туку за неговата иднина ќе одлучува сирискиот народ. Димитриј Песков, портпаролот на Путин изјави дека „Какви било заклучоци кои се носат без размена на информации, без направени истраги, не можат да се сметаат за заклучоци кои ја одразуваат реалноста“.

Но Западот преку медиумите настојува на својата вистина и бара одговорност од Асад за наводен злочин врз мирно население. Русија се противи имајќи го предвид искуството од Либија, кога се согласи на воведување на беспилотни зони, што подоцна беше протолкувано од Западот на свој начин, како одврзани раце за војна против силите на претседателот Моамер ел Гадафи и негово убивање. Каква е сега ситуацијата во Либија јасно им е на сите. Но ѓаволот си ја заврши својата работа. И токму поради тоа Русија своевремено го спречи бомбардирањето на Сирија од страна на САД. По дипломатската маневра околу хемиското оружје, кое го користеа силите на Асад во 2013 година. Бомбардирањето беше спречено, а Сирија беше принудена да го предаде своето хемиско оружје и да се согласи да не го произведува. Ваквиот однос на Русија сега повторно е на удар во западната јавност и политика и се создава омраза кон Русија. Зашто, меѓу другото, таа е еден од гарантите на примирјето во Сирија.

Од друга страна Трамп изјави дека Асад поминал некои „црвени линии“ кои не можат да останат без одговор. Има повици и за воен одговор на однесувањето на Асад. Но што ќе се прави со изјавите на Трамп дека тој нема да води војни надвор од државата и дека САД нема да бидат светски полицаец доколку не станува збор за напад врз интересите на неговата држава?

Дали Западот нема да посегне по формулата искористена за Косово. „Хуманитарното бомбардирање“ на СР Југославија. Москва сигурно тоа нема да го дозволи во Сирија, иако многумина би сакале сега во таа држава да се распламти голема војна. Пред се Турција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е е подготвен да го поддржи Вашингтон  доколку САД започнат воена операција во Сирија. Некои руски експерти сметаат дека „регионалната дипломатија треба да се занимава со отрезнување на Турција, која во последно време се обидува да ги уценува Дамаск, Москва и Техеран. Анкара сака да си испазари за себе подобри услови во рамките на триумвиратот (Русија, Турција, Иран), и заради тоа активно учествува во пропагандата со хемиското оружје, а истовремено ги стимулира опозиционите сили во Сирија под нејзина контрола да ги напаѓаат силите на Асад во Латакија и Хама“. Со ваквото однесување Ердоган може повторно да си ги растури односите со Русија.

Многу работи ќе станат појасни наредниве денови, а особено по посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Москва идната недела. Некои конгресмени минативе денови бараа Тилерсон да се откаже од посетата на Москва. Демек таа би била „награда“ за Путин. Во таков случај ќе биде многу интересно да се види како ќе се развиват американско-руските односи во иднина. Настанот со хемиското оружје ќе биде еден од испитите за тоа. Можеби САД ќе бараат Русија да не го поддржува Асад.

Антируската хистерија на западот не стивнува. Нешто од неа прифати и новата администрација на САД, но сепак  Трамп како да остава простор за некаков договор, и особено надежта дека во директен разговор со Путин ќе се решат многу спорни прашања. Посетата на Тилерсон може да се разбере и како дел од подготовките за средба на врвот меѓу САД и Русија. Ако не се случи нешто драматично наредниве денови, а засега нема знаци за таква работа, најверојатно идната недела ќе се расчистат многу нешта. И во ОН и на релација Москва-Вашингтон.

Во сето ова интересен е приодот на Франција. Таа се залага за итно дипломатско решение во Сирија. А со тоа и да се разнесат темните облаци над Сирија.Да се стави крај на војната во таа земја. Тоа решение би им одговарало на многу земји. А можеби најмногу на Русија. Дали Идлиб ќе биде појдовната точка на тој пат?

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија