18 Декември, 2017
0.5127
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Нови пропагандни фронтови

Објавено во: Колумни 22 Септември, 2017

Изборите за претседател во САД минатата година отворија ново поле за дискусија. Но и за борба. Пропагандата, преку „лажни вести, но и не само со нив. Да не ги изгубеше Хилари Клинтон изборите немаше да се отвори расправата за „руско влијание“ врз нив, но и воопшто за пропагандата – како оружје во политиката во светот. Загребувањето на површината на пропагандата отвори под неа мноштво работи кои допрва ќе бидат актуелни. Она што се случува денес, не е ништо ново. Нов е само начинот на кој се шири пропагандата.

Според Енциклопедија Британика „Пропаганда е распространување на информации- факти, аргументи, гласини, полувистини, или лаги – за да се влијае врз јавното мислење...За да го максимизира ефектот пропагандистот може да пропушти битни факти или да ги изопачи и може да се обиде да го одвлече вниманието на публиката од други извори на информации“. 

Пропагандате не е ништо ново. Некои тврдат дека е официјализирана во средниот век. Но, ја имало уште во времето на Амураби. Во неговата збирка закони се вели дека тие се создадени за воспоставување праведност о земјата и за заштита на слабите од силните. Содржината, пак, на самите закони  во основа е насочена токму на заштита на интересите на богатите слоеви за сметка на потиснување и експлоатација на бедните и обесправените жители.

Масовната примена на пропагандата некои ја сместуваат на почетокот на минатиот век, во предвечерието на Првата светска војна. Проблемот бил, како да се мобилизира општеството за постигнување победа, наспроти големото присуство на индивидуализам. За зацврстување на врските меѓу луѓето и јавноста, за зголемување на лојалноста и моралниот дух на граѓаните активно се применувале различни средства, кои биле тогаш достапни за користење. Од фотографии, карикатури, па се до радио емисии. Тогаш се појвија контурите на улогата на медиумите во распространување на пропагандни соопштенија.

Сето погоре е историја. Денес соопштенијата до корисникот доаѓаат во реално време. Нема време за демант или за откривање на нивната вистинска намена. Впрочем истрагата што сега се води во САД за „руското влијание“ во американските избори е доволна потврда за тоа. Одделни експерти сметаат дека таа ќе трае се до крајот на 2018 година! Целта е да се  постигне праведност со утврдување на факти дека Трамп е избран со руска помош, а со тоа да се докаже дека Русите се замешале и ја злоупотребиле американската демократија. Резултатите од истрагата можат да бидат двозначни. Прво, специјалниот обвинител може да каже дека немало пресудно руско влијание во разултатите од изборите. А второ, тоа да се докаже, но Хилари Клинтон нема да биде ставена на претседателска функција. Најверојатно Трамп, ќе мора да си замине.  Каков и да е епилогот од истрагата, самиот нејзин чин е потврда за влијанието на пропагандата. Можеби и ја немало, но за неа се зборува и се покренува истрага. Можеби и тоа е дел од нечија пропаганда?

Хилари Клинтон и медиуми блиски до неа големо внимание посветија на „лажните вести“. Па во тој контекст често пати се споменуваше Македонија и градот Велес. Доаѓаа новинарски екипи од странство, бараа некаква врска на велешаните кои ширеа „лажни вести“ и заработуваа пари, со Русите…Клинтон напиша и книга за изборите – „Што се случи?“. Добро е што ја напиша. Од неа се дознава дека лажни вести не се измислица надвор од САД. Според Клинтон уште до „доаѓањето на Путин“ американската демократија била поткопана од напорите на „десните конзервативни милијардери, спонзори на Трамп, кои инвестирале во создавање на „алтернативна реалност“ со помош на лажни вести во ултрадесните изданија од типот на „Брајтбарт“. Како резулата на тоа Американците ја изгубија довербата во владата, научната заедниза и медиумите, смета Клинтон. Во меѓувреме Трамо неколку пати ги обвини за ширење лажни вести врвните американски медуми, како што се „Вашингтон пост“, Њујорк Тајмс“ и СиЕнЕн. Ако лажните вести се практика во САД, држава со демократски традиции, кои често пати тие сакаат да ги извезуваат во светот, тогаш што да се каже за таквите вести кај нас, земја која повеќе од 20 години се уште е во потрега по демократија? Да не заборавиме дека американски експерти доаѓаа во Македонија и не учеа на професионално и етичко новинарство. Очигледно учењето е едно, а практиката е сосема друго.

Сето ова и паранојата од руско влијание врз изборни резултати ширум светот доведе до преземење чекори на Запад за борба со руската пропаганда. Не дека ја нема и западната, која можеби е поголема од руската. На Америанците им пречи каналот „Русија денес“ и агенцијата Спутњик. Францускиот претседател Емануел Макрон пред изборите во Франција не ги акредитираше овие медиумски куќи. Ширеле пропаганда против него. Во Велика Британија имаше изјави дека тукму руската пропаганда влијаела врз резултатите од Брегзитот! Во Германија во недела ќе има парламентарни избори. До пред некој месец медиумите таму бруеја дека се очекува некакво руско влијание врз нив. За пред некој ден да си го постават прашањето, каде е руската пропаганда? Можеби рускиот претседател Владимир Путин и канцеларката Ангела Меркел се договориле да нема такво нешто! Шегата настрана, но приказните за пропагандата очигледно се заразни. Заразни до степен  да почне да се реализираат сценарија за отворање на нови пропагандни фронтови за борби со пропагандата.

Па така, Конгресот на САД одобри стотина милиони долари за спротивставување на пропагандата. Во помал дел насочена кон ИД, а поголемиот на борба со „пропаганда од странски држави, такви како Русија“. Пред некој ден белградскиот весник „Вечерње новости“ објави вест, која не е демантирана. Наводно пари од американски фонд за спротивставување на руското влијание ќе дојдат во Србија. Треба да се направи „регионален медиумски центар за прашање на одбраната и безбедноста“ под назив „Балканска безбедносна мрежа“. Целта ќе биде да се да се сузбие руското влијание во Србија, но и други балкански држави, меѓу кои е и Македонија.

Европската унија од своја страна исто така се подготвува за борба со руската пропаганда. Неодамна во Киев имаше конференција на која медиумите зборуваа за руската пропаганда. Заклучено е дека кон таа цел треба да се оди со поддршка на независните медиуми. Означени се пет приоритети за неа. Прво, подобрување на медиумската средина, меѓу другото и со реформи во законодавството.потоа зголемување на стандардите што ги применуваат медиумите, па финансиска поддршка на независни изданија, посебно финансирање на јавните сервиси, на нови инцијативи и на мали регионални медиуми, и петти приоритет е зголемување на квалификациите на новинарите. ЕУ веќе има лансирано три проекти за реализација на овие цели. Првиот е „Рускојазична медиумска мрежа“ и е активен, потоа OPENMediaHub, кој треба да овозможи згоемување на професионалното ниво на новинарите и на новинарите и третиот е поддршка на независните медиуми преку Европскиот фонд за демократија. Нормално никаде во проектите не се споменува збор - борба со руската пропаганда.Проблемот е присутен, но борбата со неа треба да ја водат локалните власти, активистите и новинарите.

Сето ова зборува дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на нови судири на пропагандите. Руската од една, западните од друга страна. Новинарите ќе бидат тие кои ќе треба да ја водат битката. Значи повторно пропагандисти. Никој не зборува како да се спречи пропагандата. Како да се натераат медиумите да ја кажуваат или пишувават вистината. Но, која е вистината? Дали онаа што се гаи во државни кабинети и од државните ПР-стратези. А први жртви на пропагандните фронтови ќе бидат токму новинарите. Можеби и заслужиле ако веќе решиле да бидат слуги на пропагандата.  

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Гноиво од кое расте сето зло

Гноиво од кое расте сето зло

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Партијата не е државата

Партијата не е државата

Путин,Путин...уште шест години!

Путин,Путин...уште шест години!