Добивај вести на Viber
„Се-словенечко востание“ е слоганот на новите протести поради незадоволството од владеачките елити и социјално-економската состојба, кои денеска ќе бидат оддржани во повеќе градови ширум Словенија.
Најмасовен ќе биде оној во Љубљана, зошто според организаторите, на протестот треба да учествуваат околу 8.000 луѓе. Бранот масовни протести во Словенија почнаа пред три недели, кога на демонстрациите во Марибор беше побарана оставка од градоначалникот на тој град Франц Канглер. Денешниот ден организаторите го споменуваат како датумот кога протестите ќе прераснат во "општонародно востание", и ќе се бара сите политичари во власта да си заминат. На досегашните 35 улични протести во 35 градови учествувале околу 70.000 незадоволни граѓани.