Добивај вести на Viber
Апелациониот суд донесе решение да го ограничи правото на „Сахара груп“ за понатамошно собирање пари од инвеститорите и наложи да се засили истрагата за сомневањата околу нелегалните активности на компанијата. Откако ги слушна исказите, судот следното рочиште го закажа за 22-ри април, пренесоа индиските медиуми.
Во интерес на истрагата, преку привремена мерка, на „Сахара груп“ и се ограничува правото да прави трансакции од какви било банкарски сметки без претходна дозвола на Индиската Банка и индиското регулаторно тело СЕБИ, одлучи судот.
Судот исто така им наложи на извршните директори да дадат одговор за деталите околу обвинувањата за перење пари од страна на Групацијата. На „Сахара груп“ исто така и се ограничи правото за собирање дополнителни средства, директно или индиректно.
Во последниот пресврт во тековната правна битка меѓу СЕБИ и Групацијата Сахара за долгот на Субрата Рој кон инвеститорите, СЕБИ го повика Субрата Рој и тројцата директори од „Сахара Груп“ на 10 април, лично да се појават пред судиите и да ги потврдат деталите за сите инвестиции како и да дадат налози за исплата на своите неподмирени долгови.
Рој и директорите треба да ги достават сите документи за двете компании од Групацијата Сахара, „Sahara India Real Estate Corp Ltd“ и „Sahara Housing Investment Corp Ltd“ заедно со сите детали за банкарските сметки и комплетното книговодство. До 8 април, овие лица исто така треба да достават список на сите холдинг-компании, подружници, партнерства и специјални возила, кои ги поседуваат „Сахара груп“.
Рој се обратил до судот против наредбите издадени од страна на СЕБИ минатиот месец. Предметот се однесува на одлуката на Врховниот суд за поврат на 4,4 милијарди долари покренати од двете компании , преку емисија на обврзници за што од СЕБИ беше побарано олеснета наплата.Спротивно од тоа, СЕБИ побара од судот да ја отфрли жалбата бидејки на компанијата досега и биле дадени многу можности.