19 Април, 2024
0.0275

НОВИ ЗАКАНИ: Северна Кореја ќе им се одмазди на овие две земји

Објавено во: Свет 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Официјален Пјонгјанг  се заканува со употреба на нуклеарно оружје за да „ја потопи Јапонија“, а САД да ги претвори во „прав и пепел“. 

Oвие закани се упатени кон овие две земји затоа што дале поддршка за резолуцијата и санкциите на Советот за безбедност на ОН донесени поради последната нуклеарна проба на Северна Кореја.

„Четири острови од тој архипелаг треба да бидат потопени во море со нуклеарна бомба. Јапонија повеќе не смее да постои во наша близина. Ќе го сведеме копното на САД на прав и пепел. Го изразуваме нашиот бес со мобилиација на сите средства за одмазда што ги подготвувавме досега“- стои во оопштението.

Во новите закани на Северна Кореја кон Јапонија исто така се критикува земјата дека „игра како што ѝ свират САД“ и се додава дека не треба да биде простено што не се извинила искрено за непростливите злосторства врз нивниот народ, алудирајќи на агресијата на Јапонија врз Северна Кореја.

Јапонија веднаш го осуди ова соопштение на Северна Кореја и рече дека е „исклучително провокативно и нечуено“ и дека ги зголемува регионалните тензии.

Тензиите се зголемија откако Северна Кореја го спроведе својот шести, и далеку најмоќен нуклеарен тест на 3 септември.

15 члениот Совет за безбедност едногласно ја изгласа резолуцијата изготвена од САД и новата рунда санкции во понеделникот како одговор, забранувајќи го текстилниот извоз на Северна Кореја што е втор по големина по извозот на јаглен и минерал, и ограничувајќи го снабдувањето со гориво.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција