Новинар тврди дека Атина треба да се плаши од Турција, а да ги подобри односите со Скопје
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2018
Новинарот Том Елис во својата колумна, објавена во грчкиот весник „Катимерини“ тврди дека Турција, а не Скопје претставува реална закана за грчкиот суверенитет.
„Во Грција долго време зборуваме и бараме вина во името на ПЈРМ, иако повеќето земји во светот ја признаа под името Република Македонија пред многу години. Продолжувањето на овој дипломатски ќорсокак ги двои нашите сили на два фронта“- смета авторот.
Пишува дека односите меѓу Атина и нејзиниот северен балкански сосед можат да се развијат преку поумешен и пофлексибилен пристап, па и да ја претворат Македонија во најблискиот сојузник на Грција.
„Во исто време има еден друг сосед на Грција, кој ги прикрива своите претензии кон Атина, но со своето однесување и говорите претставува вистинска закана“ - наведува Том Елис во коментар со наслов „Односите со ФИРОМ и влијанието на Турција“.
Според него, Турција веќе има големо влијание на Балканот, а сега ќе го зголеми дополнително. Во овој контекст, авторот пишува дека подобрувањето на односите со Македонија би се покажало од витално значење за интересите на Грција.