28 Март, 2024
0.1349

Сумирани резултатите од грејната сезона 2016/2017

Новите инвестиции и високо-технолошкиот развој на системот за централно греење ќе донесе нови погодности за потрошувачите

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

БЕГ (Балкан енерџи груп) ќе ја заврши годинешната грејна сезона со нови 2300 потрошувачи, од кои скоро половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот. Ова е дел од информацијата за активностите во грејната сезона 2016-2017 што ја разгледуваше Бордот на директори на БЕГ. Меѓу другото се констатира дека големиот број нови потрошувачи е резултат на повеќе фактори, од кои пресудни се: високиот квалитет и конфорт, проследен со конкурентна цена на централното во споредба со останатите начини на греење, понатаму можноста за бесплатно приклучување кон системот, а секако и еколошкиот придонес за градот, со оглед на тоа што ваквиот начин на греење не ја загадува околина.

Раководствто на БЕГ одлучи да продолжи со реализација на инвестицискиот циклус за натамошна модернизација и воведување висока технологија во целокупниот систем за централно греење, со што ќе се зголеми неговата ефикасност и атрактивност за потрошувачите и ќе се создадат услови за натамошно зголемување на искористеноста на системот кој има можност да прими и услужи двојно повеќе корисници од сегашните. На ваков начин, потенцираат од БЕГ, ќе се отвори простор за натамошно намалување на цената за крајните поединечни потрошувачи, затоа што таа во голем дел цената зависи и од бројот на приклучени корисници.

Натамошната реализација на инвестицискиот циклус означува премин на системот за централно греење од технологија на седумдесетите години од минатиот век, кон високите модерни технологии базирани на автоматизација, софтверски процеси, нови уреди и материјали. За следење на процесот на модернизација неопходно ќе биде и раст, како и усовршување на знаењата и вештините на вработените во компаниите на групацијата од чие залагање за напредок и усвојување на новите технологии зависи успехот на модернизацијата. За таа цел, ќе се спроведе и програма за внатрешно преструктуирање и обука на персоналот согласно новите технолошки барања. Овој процес ќе отвори и можност за ангажман на нов високоедуциран кадар којшто би дал свој придонес кон напредокот и модернизацијата.

Инаку, вкупните вложувања во системот, од 2013 година кога групацијата БЕГ започна да управува со дејноста на централно греење, до денеска, надминаа вредност од 8 милиони евра. Во делот на производството, воведена е целосна гасификација на топланите, при што елиминирана е емисија на штетни SО2 гасови за 1000 тони во сезона. Направена е и модерницација на електро-енергетските постојки и постројките за подготовка на технолошка вода. Во тек е инсталирање на систем за целосна автоматизација на топланите. Во делот на дистибутивната мрежа, со замена на дотраените цевководи кои имаа лоша топлинска излолација, со нови и воведување систем за автоматска детекција на дефекти, значително се намалени загубите на вода, а остварено е и намалување на топлинските загуби за 10.000 MWh. Дополнително, направена е интеграција на поединечните мрежи во една, а во тек е воведување на најсовремен (SCADA) систем за мониторинг и контрола на топлински станици и оформување на модерен диспечерски центар што значително ќе ја зголеми целокупната ефикасност и доверливост на системот.

Паралено, започната е и реализацијата на инвестициската програма на диструбутивниот систем, со замена на два магистрални водови со вкупна должина од 4,5 километри, што е најголем проект од ваков вид во последните 25 години.

Остварени се и значајни вложувања во квалитетот, обемот и достапноста на услугите за потрошувачите. За таа цел, креиран е нов интернет портал кој овозможува брз и ефикасен канал за комуникација со Центарот за грижа на потрошувачи, како и директна пријава на дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греењето, увид и плаќање на сметките (фактурите) преку услугата BegEPay, како и  информации и совети за поголема енергетска ефикасност, одржување и сервис на внатрешната грејната инсталација и пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење.

Во наредниот период, групацијата ќе продолжи со вложувања во сите овие сегменти, како и во започнатите проекти за зголемена енергетска ефикасност, како што се: изолирање на вреловодните цевки во подрумските простории и во влезовите на објектите, имплементација на системи за заштеда на електрична енергија во подстаниците на објектите, промовирање на комбинирани бојлери за топла вода и друго, со чија имплементација потрошувачите можат да оставарат дополнителни заштеди. 

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија