28 Март, 2024
0.0242

Galaxy S8 серија – нов начин за интеракција на корисниците со своите уреди

Новите Самсунг Галакси С8 и Галакси С8+ паметни телефони и во Македонија

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

По светската премиера, Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co. Ltd.) ги претстави своите најнови паметни телефони,уредите Галакси С8 (Galaxy S8) и Галакси С8+ (Galaxy S8+)ина Македонскиот пазар. На настанот кој се одржа денес во ресторанот „Воденица“, претставниците од медиуми и деловните Партнери на Компанијатасе уверија дека преку моќните перформанси и беспрекорен дизајн, последната генерација на телефони - Галакси С8 носи потполно нов начин на интеракција за корисниците на уредите. Официјалната продажба во Македонијазапочнува на 28 Април, а сите заинтересирани овие паметни телефони ќе можат да ги нарачаат кај Операторите и малопродажните Партнери.

Со најновите модели на паметни телефони ги поместуваме границите во мобилната индустрија. Претставуваме телефони кои со својот хардвер и софтвер во потполност одговараат на потребите на современиот корисник. Галакси С8 телефонот пристигнува со екран од 5.8‘’, додека С8+ како и повеќето модели од оваа серија имаат екран од 6.2’’. Со новиот персонализиран интерфејс – Бигзби (Bixby), додатокот DeX, одличната камера, унапредениот систем на сигурност како и низата функции кои корисниците ги засакаа кај претходните модели, Галакси С8 и С8+ во потполност претставуваат пресвртница во развојот на паметните телефони“, изјави г-дин Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор на компанијата Самсунг за Адриатик Регионот.


Галакси С8 и С8+ уредите се карактеризираат со бескраен екран (Infinity display) и компактен дизајн без рамки кој допринесува за уште поголема удобност при користење на телефонот со една рака. Дополнителната издржливост на телефонот претставува високиот квалитет на завршната обработка на стаклото Coring Gorilla Glass 5 на предната, како и на задната страна на телефонот.

Покрај стандардно врвната Dual Pixel камера од 12 мегапиксели на задната страна, за љубителите на добрата фотографија, Галакси С8 и С8+ пристигнуваат и со премиум камера на предната страна од 8 мегапиксели, со автоматско зумирање. Со дополнителна заштита од „матни“ фотографии како и напредните можности за обработка на слики, корисниците ќе можат да креираат фотографии со врвен квалитет и во услови на слаба осветленост.

Како прв мобилен уред со HDR функции, Галакси С8 и С8+ обезбедуваат потполно нов начин на уживање и им овозможуваат на корисниците да перципираат живите бои и контрасти додека ги гледаат своите омилени видео содржини. Истотака, поголемата брзина и ефикасноста на новите модели обезбедуваат 10 нанометарски чип - прв во оваа индустрија.


Најновите телефони од Galaxy S семејството се конфигурирани врз основа на безбедносната платформа Samsung Knox и обезбедуваат широка палета на биометриска технологија, вклучувајќи сензор за отпечаток од прст, скенер наирисот на окото и можност за препознавање на лице. Покрај сите новости, Galaxy S8 и S8+ ги нудати веќе познатите Galaxy функции од претходните модели како: отпорност на вода и прашина, MicroSD поддршка до 256GB, Always on Display функција, како и брзо безжично полнење.

Истотака, една од главните карактеристики на последната генерација на телефоните на Самсунге интегрираниот интерфејс Бигзби кој овозможува персонализирана помош за секој корисник, на база на континуирано следење на интересите на корисникот, локациите и ситуациите во кои се наоѓа. Бигзби се интегрира со вградените апликации на Самсунг како: камера, контакти, галерија, пораки и прилагодување.

Уште една од новостите која ја подготви Самсунг како додаток на новите Galaxy телефони е Samsung DeX. Ова е решение за трансформација на паметниот телефон во десктоп уред на едноставен начин, користејќи ја процесорската моќност на Galaxy S8. Со помош на DeX додатокоткорисниците ќе можат лесно да ги прикажат и изменат податоците на својот телефон и на тој начин да постигнат уште поголема брзина и ефикасност при работа на проекти.

Љубителите на Galaxy S сериите во Македонија ќе можат да го изберат својот уред во една од трите бои: “Полноќно црна“, “Орхидеја сива“ и “Арктички сребрена“, додека препорачаната малопродажна цена (со вклучен ДДВ) изнесува 49.499денари за Galaxy S8, односно 55.999 денари за Galaxy S8+.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија