28 Март, 2024
0.0268

НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Владата прибра речиси 12 милиони евра

Објавено во: Финансии 25 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Владата го реализираше новото најавено задолжување на домашен терен. Министерството за финансии, преку две државни аукции, од банките и клиентите прибра 11,9 милиони евра. Издадени се двегодишни обрзници за сума од 9,9 милиони евра и петгодишни обрзници за сума од 2 милиони евра. „Побарувачката за 2 годишните државни обврзници изнесуваше 9,9 милиони евра, а реализацијата изнесуваше 9,9 милиони евра. Во сопственичката структура на 2 годишните државни обврзници без девизна клаузула банките учествуваат со 98,85%, додека клиентите со 1,15%“, информираат од Министерството за финансии. Датумот на достасување на двегодишните државни обрзници е 27 март 2016 година. Во однос на купувањето на петгодишната државна обврзница чиј рок на доспевање е 27 март 2019 година, според информацијата од Министерството за финансии, банките немаат удел во купувањето на оваа обрзница. „Побарувачката за 5 годишни државни обврзници изнесуваше 2 милиони евра, а реализацијата изнесуваше 2 милиони евра. Во сопственичката структура на 5 годишни државни обврзници со девизна клаузула банките учествуваат со 0%, додека клиентите со 100%“, пишува во информацијата на Министерството за финансии. Инаку, според календарот на Министерството за финансии, во скоро време нема најавено раздолжување на државата.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка