29 Март, 2024
0.0242

Новогодишна донација од ОКТА – интерактивни табли за училиштата Иднина и Златан Сремец

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Училиштата за деца со пречки во развој Иднина и Д-р Златан Сремец добија интерактивни табли како новогодишна донација од ОКТА. Идејата за ваков тип донација произлезе од потребата да се доближат наставните содржини до децата на еден поинаков и поинтересен начин.

„Иднина и Златан Сремец се двете училишта кои ОКТА традиционално ги посетува во предновогодишниот период. Оваа година се решивме за донација која ќе донесе бенефит за сегашните и идните генерации ученици од овие училишта и значајно ќе придонесе кон унапредување на образовниот процес. Интерактивните или паметни табли носат продобивки и за наставниците нудејќи им можност на интересен и ефикасен начин да ја доближат наставната програма до учениците”, изјави Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност во ОКТА.

Интерактивните табли како нов и современ начин за изведување на наставата ќе ги задоволат потребите на двете училишта, каде одговорните велат дека значително ќе се олесни секојдневната работа.

Оваа табла за нас значи голем чекор напред. Имаме можност за применување на наставни содржини од наставни предмети за индивидуална и групна работа, начинот на презентирање да биде исклучително интересен и во процесот на учење да употребиме различни игри за да се научи материјалот, односно да се постигнат веќе поставените цели. Многу сме среќни што оваа година донацијата на ОКТА се однесува на нешто што ќе остане трајно во училиштето и знаеме дека ќе има ефект кај децата, а со тоа го следиме развојниот тренд во воспитно образовниот процес”, изјави Анета Петровска, директор на ПОУ Иднина.

Кога работите со деца со посебни потреби мора да најдете начин полесно да ја предадете материјата. Со помош на паметните табли ова ќе биде полесна задача за нас, а и олеснување на процесот на совладување на наставните единици за децата. Благодариме за ваквата донација и се надеваме дека и други ќе ја препознаат потребата од донации за училишта како нашите”, изјави Ана Шикалеска, директор на ПОУ Д-р Златан Сремец.

Со оваа донација ОКТА уште еднаш ја докажа својата посветеноста и определба да иницира и реализира општествено одговорени практики кои овозможуваат придобивки за различни групи и сегменти на заедницата.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија