24 Април, 2024
0.3606

Новогодишни желби исполнети за седумдесет деца

Објавено во: Стил 31 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Место на среќа и задоволство беше Трговскиот центар Рамстор кога седумдесет деца сместени во згрижувачки семејства дојдоа да си ги подигнат исполнетите новогодишни желби. Со поддржување на акцијата иницирана од ТЦ Рамстор, Новогодишна волшебна елка на желби, граѓаните на Скопје уште еднаш покажаа дека се грижливи и хумани. Тие беа запознаени со акцијата и доаѓаа со намера да исполнат нечија желба, не беше битно што и колку, како што купуваа за сопствените деца, така ги исполнуваа и желбите од картичките. Токму таквиот одзив нè мотивира да продолжиме со оваа и слични активности и хуманизмот и грижата –за другите да ги направиме поголеми и почести“, изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор Мол центарот. Седумдесет деца сместени во згрижувачки семејства дојдоа да си ги подигнат исполнетите новогодишни желби. Јакни, топки, камиони, кукли, чоколади, книги, и пакетчиња беа желбите на децата, а за поголемо предновогодишно изненадување за децата од ТЦ Рамстор беше организирана и куклена претстава. На доделување на подароците, беа присутни и Министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски, како и претставници од Црвениот крст. -Со поддржување на акцијата иницирана од ТЦ Рамстор, Новогодишна волшебна елка на желби, граѓаните на Скопје уште еднаш покажаа дека се грижливи и хумани. Тие беа запознаени со акцијата и доаѓаа со намера да исполнат нечија желба, не беше битно што и колку, како што купуваа за сопствените деца, така ги исполнуваа и желбите од картичките. Токму таквиот одзив нè мотивира да продолжиме со оваа и слични активности и хуманизмот и грижата за другите да ги направиме поголеми и почести“, изјави Елида Трајковска, –координатор на проектот во Рамстор Мол центарот. Новогодишната волшебна елка на желби беше накитена од децата со картички каде тие ги испишаа своите новогодишни желби. Во текот на трите недели додека елката беше поставена во ТЦ Рамстор, сите посетители и минувачи можеа да земат една од картичките и да исполнат една или повеќе новогодишни желби. Новогодишната волшебна елка на желби е донаторската активност која по иницијатива на ТЦ Рамстор се организира по четврти пат во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган