29 Март, 2024
0.0233

Нудат годишна плата од 19.000 долари за работа на пуст остров

Објавено во: Стил 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Шкотската компанија за заштита на дивината нуди годишна плата од 19 000 американски долари за човек кој ќе ги набљудува птиците на осамен остров, пишува Daily Telegraph.

Во веста се наведува дека тоа е островот Ханда, најоддалечениот остров во Велика Британија. Тој е населена со над 200.000 морски птици.

Вработениот ќе мора да живее сам на островот од март до септември. Во текот на летото, Ханда е популарна туристичка дестинација и е посетена од преку 7 илјади туристи. На островот доаѓаат и четворица долгорочни волонтери, а 45 доаѓаат за да помогнат при пописот на птиците.

„Позицијата бара одлични организациски вештини, во комбинација со голема прилагодливост. Службеникот ќе треба да ја организира сопствената програма за работа и онаа на волонтерите“, забележуваат од компанијата.

Кандидатите треба да бидат во добра физичка форма. Секоја недела тие ќе треба да патуваат до најблиското село, за да ја перат својата облека, да користат банка, да купуваат и да го полнат шишето со гас. За да го стори тоа, новоназначениот ќе треба да има возачка дозвола и возило. Станот ќе биде обезбеден бесплатно.

Во најфреквентните летни денови островот е посетен од над 150 туристи кои доаѓаат за да се восхитуват на различни видови птици, меѓу кои еребици, поларна тројка, обична Гага, галеби и др.