Нудат по 6000 куни плата, сместување, но никој не се јавува за работа
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2017
Секоја година во Осијек во Хрватска се помалку луѓе излегуваат од средните школи за градежништво.
Нема ученици, а со тоа и работна сила за во иднина.
Дел од градежните фирми од Загреб на учениците им нудат стипендии, сместување, но интерес нема.
За нив во иднина ќе следи почетна плата од 6000 куни со обезбедено сместување.
Како што пишува Глас Славонија во некои жупании треба да се обноват и по 20 згради, но градежни работници нема во доволен број.