НУДАТ РАБОТА ВО ДУБАИ: Платата е 200.000 фунти, квалификациите не се важни
Објавено во: Финансии 01 Ноември, 2017
Британската фирма за продажба на недвижен имот Allsopp & Allsopp бара луѓе кои ќе работат за плата од 200.000 фунти годишно.
За оваа работа не бараат никакви квалификации. Сепак потребно е да бидете способни да продадете, објави Coventry Telegraph.
Allsopp & Allsopp со седиште во градот Нанинтон Централна Англија, бара луѓе кои се ентузијасти за работа.
„Работа од соништата“ подразбира ангажман во една од нивните експозитури во Дубаи.