Обама бара 100 милиони долари за истражување на мозокот
Објавено во: Стил 02 Април, 2013
Според најновиот предлог на американскиот претседател Барак Обама, ќе се инвестираат 100 милиони долари во проект за истражување на човековиот мозок, пренесоа светските агенции. Проектот , како што пишуваат светските медиуми, ќе биде наречен „Иницијатива за истражување на мозокот со иновативни модерни невротехнологии“ (BRAIN - Brain Research through Advancing Innovative Neurotechnologies),
Програмата ќе се финансира со 100 милиони долари од буџетот за фискалната 2014 година, а Белата куќа веќе следната недела треба да го објави предлог Буџетот на владата за 2014 година.
Оваа иницијативата треба да ја забрза разработката и примената на новите технологии, со кои истражувачите ќе добиваат динамични наоди за мозокот. Тие ќе покажува како оделните мозочни клетки и сложените нервни завршетоци взаемно дејствуваат со брзината на мислата, се наведува во соопштението на Белата куќа.