Обид за напад во Турција - еден убиен
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2017
Турската полиција денеска уби еден и трага по вториот напаѓач кои планирале да извршат самоубиствен напад врз полициска станица во Газиантеп.
Пред објектот избила престрелка и на лице место пристигнале возила на Брза помош.
Вицепремиерот на Турција, Нуман Картулмус ги информираше пратениците во парламентот дека полицијата трага по вториот напаѓач. Еден полицаец е повреден и префрлен во болница.
Овој настан се случи на југот од Турција.
Земјата лани и оваа година се соочува со бројни напади.