25 Април, 2024
0.0356

Објаснување од Народна банка по однос на падот на валути и депозити од државните девизни резерви

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Почитувани читатели во прилог го пренесуваме во целост објаснувањето од централната банка на тексот што може да го видите на следниот линк: Зошто валутите и депозитите во државните резерви се на најниско ниво од март 2014 година?

Почитувани,

во врска со статистичкиот извештај за нивото на официјалните девизни резерви заклучно со јануари 2017 година ве информираме за следното:

- Во јануари нивото на девизните резерви изнесува 2.557,1 мил. евра и во однос на декември 2016 година е намалено за 56 мил. евра што е реализирано од средствата во категоријата валути и депозити. Притоа, девизните резерви во јануари се намалија главно заради начинот на евиденција на склучените краткорочни репо трансакции за управување со девизните резерви, согласно методологијата на ММФ. Во текот на нивниот животен циклус, овие репо трансакции имаат неутрален ефект, но поради периодот на известување, тие влијаат врз нивото на девизните резерви. Притоа, девизните средства коишто се опфатени со овие трансакции склучени на почетокот на јануари, привремено се исклучуваат од девизните резерви и имаат карактер на одливи, во износ од 31 мил. евра.  Дополнително, намалувањето на девизните резерви беше заради исплатите на достасани обврски и камати по надворешен долг на државата, како и резултат на одливите по достасани девизни депозити на домашните деловни банки (во износ од 12 мил. евра), во услови на дисконтинуирање на можноста за натамошни пласмани кај Народната банка.

Дополнително намалувањето на средствата кај категорија валути и депозити, се должи и на пренасочување на средства во инвестиции во хартии од вредност, коишто на месечна основа се зголемени за 58 мил. евра.

-Поврзано со констатациите за намалување на категоријата валути и девизи како во однос на март 2016 година, така и во однос на март 2014 година, истовремено се регистрира значителен пораст на средства во категоријата хартии од вредност. Овие движења се резултат на промени во изборот на финансиски инструменти каде се пласираат/инвестираат девизните резерви во согласност со инвестициските цели. Притоа, во однос на март 2016 година, кога дел од средствата беа орочени во депозити, заради променети пазарни услови и пренасочување кон пофлексибилни инструменти на пазарите на пари, се регистрира зголемување на инвестициите во хартии од вредност. На тој начин се овозможи повисока ликвидност на средствата, во однос на инвестициите во депозити.

Со почит

Кабинет на гувернерот


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот