19 Април, 2024
0.0279

ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ ЗА НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Кој ќе го замени Зврлевски?

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Објавен е огласот за избор на нов државен јавен обвинител, a од денеска тече рокот од 15 дена за доставување на кандидатурите.

Откако кандидатите ќе се пријават, Советот на јавните обвинители дава мислење по предлогот на Владата за именување на јавниот обвинител. Во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата, Советот доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите. Ако не се произнесе во овој рок, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.

Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата нема право да поднесе предлог кандидат, туку може само да му предложи на Собранието да го повтори огласот, по што повторно ќе почнат роковите од 15 дена. 

Обвинител може да биде дипломиран правник кој е граѓанин на Република Македонија, има положено правосуден испит и со работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи, како и универзитетски професор кој предавал повеќе од 10 години некој правен предмет.

Досега, своите кандидатури ги најавија пет кандидати, нотарката Лорија Ваневска и адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и Сејфула Османи.

Со 64 гласа „за“ и ниту еден против, но во отсуство на опозицијата, Собранието на 18 август го разреши  Марко Зврлевски. Пред гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со тоа што спикерот Талат Џафери не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско поради тоа што веќе се распишани локални избори. Имаше повеќе забелешки за работењето на Зврлевски. 

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо