29 Март, 2024
0.0227

Објавени два јавни повика за Програмата за рурален развој

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави два јавни повика за Програмата за рурален развој. Двата јавни повика произлегоа од последната одлука на седницата на Владата одржана на 03.08.2017 година за измени на Програмата за рурален развој.

Едниот јавен повик е за доставување на барања за користење на финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец, но со нови променети критериуми за аплицирање. На седницата што се одржа на 03.08.2017 година Владата донесе одлука за измена на Програмата  за рурален развој токму во делот на мерката за „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.  Станува збор за нови променети критериуми кои ќе помогнат средствата да завршат кај вистински земјоделци.

Вториот јавен повик е за финансиска поддршка за подигање на повеќегодишни овошни и лозови насади и за набавка на приплоден добиток. Со оглед на тоа што рокот од 29 февруари воопшто не бил објавен, со измените во овој оглас кои ги донесе Владата, им се излегува во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање во 2016 година и на оние кои извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите кои подигнале насади ќе можат  да поднесуват  барања за исплата до  1-ви септември.

Само овие две нови мерки, во согласност со програмата на Владата, ќе овозможат директен трансфер на 6 милиони евра, кои овој пат ќе завршат кај вистинските земјоделци до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи