Објавени фотографии од Вучиќ и Макрон – Вака изгледа претседателски состанок очи во очи
Објавено во: Свет 17 Декември, 2017
Елисејската палата вчера објави фотографии од средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ престојуваше во Париз во вторникот, каде учествуваше на Самитот за климатски промени.
Во таа прилика, Вучиќ се состана со Макрон со кого разговараше за билатералните односи и економска соработка на двете земји.
На состанокот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го известил Вучиќ дека ќе ја посети Србија во 2018 година.