28 Март, 2024
0.0239

Важни еколошки лекции за земојоделците од струмичкиот регион

Обука за модерно и еколошко земјоделство – Што научија искусните струмички земјоделци Коце, Ѓорги и многу други

Објавено во: Агробизнис 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Коце Божилов и Ѓорѓи Колов се земјоделци од струмичко Босилово. Иако со децении работат земојоделски култури, со насмевка признаваат дека нивниот начин на производство најчесто се сведува на претпоставки и на системот „ако соседот наводнува, тогаш сите наводнуваме, веројатно му е време“.

“Од секогаш така правиме. Ако еден од соседите почне да наводнува, сите наводнуваме. Ако некој почне да прска или да ѓубри, тогаш сите мислиме дека е време за тоа и почнуваме да прскаме“, велат двајцата земјоделци.

Басенот на реката Струмица, долги години е најважниот земјоделски регион во земјата, со годишно производство од 200 илјади тони домати, пиперки, лубеници, зелки, краставици и друг вид зеленчук.

Големата плодност на земјиштето се должи на алувијалната почва околу реката Струмица, која исто така обезбедува вода за наводнување на нивните култури.

Но, начинот на обработка и одгледување на зеленчукот се чини останал ист со децении. Фармерите традиционално одгледуваат еден вид на зеленчук, а начините и методите на наводнување и фертилизација најчесто се базираат на претпоставки и системот „од око“.

Хаотичниот пристап доведе до нерационална и прекумерна употреба на агрохемикалии и вода за наводнување. Во текот на изминатите децении, овие практики доведоа до сериозно загадување на земјата и значително го влошија квалитетот на водата во сливот на реката Струмица.

Последните извештаи говорат за тоа дека досегашните земјоделски практики ја загрозуваат одржливоста и рамнотежата на целиот речен басен.

Поради клучната важност на земјоделието за овој регион, справувањето со проблемите во досегашните практики на фармерите,  е главен приоритет особено од аспект на климатските промени. Токму поради тоа отпочна нова сеопфатна програма за модернизација на земјоделството и обука на земјоделците како да одгледуваат различни култури, како да ги планираат ротациите на тоа што ќе одгледуваат, и како да наводнуваат и ѓубрат поефикасно.

Новата програма е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

За таа цел, во текот на летото имаше отворен повик за учество на локалните земјоделци во обуката на која се пренесуваа знаење за модерни и одржливи агро-еколошки практики.

Интензивната и сеопфатна практична обука за земјоделците траеше од јули до ноември 2016 година со поддршка на експерти од областа на земјоделието. Поголемиот дел од предавањата беа фокусирани на ефикасните и одржливи методи на фертилизација, наводнување, прскање, базирани на подобрени методи на проверка на земјата и модерен научен пристап.

Коце и Ѓорѓи се двајца од вкупно 67 фармери од шест општини од струмичкиот и радовишкиот регион кои учествуваа во обуката.

„Не знаев дека она што го правиме е толку неефикасно и дека ја загрозува животната средина“, вели Коце. “Но сега научивме од најдобрите експерти во земјата како да го подбриме квалитетот на почвата, да направиме тестови, и тоа со употреба на вистинската доза и вид на ѓубриво“.

„Сега ја сфаќам потребата од лабораториско тестирање на почвата“, додава Ѓорѓи. „Тестирањето на почвата како дел од програмата, ни помага во подобрување на процесот на наводнување и правилно дозирање. Научив како да ја проверувам влажноста на почвата за да избегнам преголема влажност и да заштедам значителна количина на вода“.

Програмата ги охрабрува и жените партнери да земат учество во трансформација на нивните земјоделски практики.

Јасмина Гонева и Гуна Тимова се жени земјоделци од село Дабиле, струмичко, кои учествуваа во тренингот и веќе ги спроведуваат научените искуства.

“Сега знаеме како да спроведуваме поодржливи начини на наводнување, како на пример системот капка по капка. Да бидам искрена, бев изненадена од тоа колку работи од порано биле погрешни. На пример, не знаев дека е подобро растенијата да ги наводнувате со млака вода. Изгледа и растенијата се како луѓето. Не сакаат шокови со ладна вода“.

Гуна, која одгледува пиперки, домати, зелка и карфиол, вели дека најважната лекција што ја научила е како да ги заштити културите од прекумерна употреба на пестициди. „Научив дека можам да ги заштитам и без пестициди. Можам да заштедам на хемикалии, прскање, а плус тоа ја заштитувам и животната средина“.

На завршувањето на обуката, учесниците полагаа испити и најдобрите 30 добија грантови во висина од пет илјади американски долари кои ќе бидат потрошени на едноставна но софистицирана опрема за да можат да ги спроведат новите методи. Пет грантови освоија жени земјоделци.

Оваа програма е дел од поголем проект чија цел е заштита на сливот на реката Струмица и подобрување на економската благосостојба на населението.


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи