28 Март, 2024
0.0916

ОБВИНИТЕЛИ КОНТРА ВЛАДАТА: Ни требаат повеќе пари!

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението на јавни обвинители контра Владата. Реагираат на тоа што со предвидениот ребаланс на буџетот се кратат парите за јавното обвинителство. Јавните обвинители се загрижени дека се кратат платите на 552 вработени во Јавното обвинителство. Посочуваат дека проблем е и тоа што има кратење кај парите предвидени за имплементација на Законот за кривична постапка, бидејќи со отпочнувањето со примена на новиот Закон за кривичната постапка на декември 2013 година, надлежностите на јавното обвинителство, се зголемени и сега оваа институција е носител и на истражната постапка.

„Со оглед на условите во кои работат и функционираат јавните обвинителства, а особено видот и карактерот на работата, посебните услови и постоењето на висок ризик за работа, како и степенот на доверливост, обезбедените средства за тековно работење и плата не се луксуз, туку се неопходни за ефикасно, нормално функционирање и спроведување за работните активности“- реагираат јавните обвинители. 

Тврдат дека имаат зголемен обем на работа, десетици илјади предмети во работа, спроведуваат дежурства, истраги, меѓународна правна соработка и работат под посебни услови, и доколку им се намалат платите, тоа ќе значи дека проблемите за кои со години се бореле како фела сега повторно се враќаат назад.

„Обезбедените средства за тековно работење и плата се неопходност за која долги години се бореше јавното обвинителство. Кратењето на истите ќе значи неправда и враќање во поранешна состојба“ - реагираат од Здружението на јавни обвинители.

Тие му пишале и писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање да не се крати буџетот на јаввното обвинителство. За  првиот човек на јавното обвинителство, односно за Марко Зврлевски се води постапка за негово разрешување, поради непрофесионално извршување на  функцијата. Се уште се чека Џафери да ја закаже седницата.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?