ОБВИНУВАЊE: Гугл жените ги плаќа помалку од мажите
Објавено во: Економија 10 Април, 2017
Американското Министерството за труд ја обвини компанијата Гугл дека жените ги плаќа помалку од мажите.
Гугл ги негира овие тврдења. Гардијан пишува дека нееднаквост има на сите нивоа, а и директорите не се поштедени.
Од Гугл тврдат дека секоја година имаат анализа на платите и тие не се разликуваат од полот на вработениот.
Истражување кое е направено во 2016 година покажува дека во секторот компјутерско програмирање платите се неправедни во однос на половите.
И многу технолошки фирми не го решиле ова прашање.
Во Мајкрософт жените сочинуваат 25.8% од работната сила или по овој параметар се зад Епл, Фејсбук и Гугл, но жените и понатаму примаат за 30% помали плати.