19 Април, 2024
0.2326

Обврзниците да не чекаат во 5 до 12 да поднесат барања за отпис на каматите

Објавено во: Финансии 19 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

На крајот на месецов истекува рокот за поднесување Барања за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Оттаму апелираат обврзниците да не го чекаат последниот рок, 31 декември, за да ја искористат можноста за отпишување на каматите. И тоа во износ од 100 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски; 75 отсто ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски; и 50 отсто камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски. Повеќе информации за начинот на остварување на правото за отпис на камати заинтересираните може да најдат на веб-страницата на УЈП преку посета на линкот http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, да се обратат во Инфоцентарот на УЈП на телефонот 0800 33 000 или преку електронска пошта на info@ujp.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин