26 Април, 2024
0.0273

ОД 5-9 ОКТОМВРИ: Киненова Скопје нов филмски фестивал за дебитанти

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Киненова Скопје е нов филмски фестивал што ќе се одржи од 5-ти до 9-ти октомври, со оригинална Главна селекција за награди - фокусирана на дебитантски и втори филмови на автори од цел свет.  Ова е  прв фестивал во Македoнија чијашто главна селекција за награди е посветена на дебитантите, а е еден од ретките такви фестивали во Европа и во светот.

На првото издание на Киненова, во Главната селекција за наградите најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, и најдобар филм според публиката ќе се натпреваруваат 9 филмови, што ќе ги оценува меѓународно жири. Дел од авторите што ќе бидат во конкуренцијата ќе дојдат во Скопје како гости на Киненова.

„Имаме нови авторски гласови, кои не само што имаат да кажат нешто многу релевантно, туку знаат и како да го кажат тоа. Автори кои длабокомислено и со љубопитност ги истражуваат сите аспекти на човечкото постоење. Имаме силна, свежа и жанровски многу разновидна селекција“, вели селекторката на Главната селекција Марина Костова, една од водечките филмски критичари во Македонија и член на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ.

Во паралелните програми Светска панорама и Балкански преглед ќе играат уште 10 филмови. Има и натпреварувачка селекција за кратки филмови, со 40 тина дела.

Киненова има и специјален фокус на еден од најистакнатите нови романски автори, Корнелиу Порумбоју, и ќе ги прикаже неговиот прв филм „12:08 источно од Букурешт“ и последниот „Богатство“. 

Директорот на Киненова Небојша Јовановиќ, режисер и продуцент, вели: Морам да го споделам моето огромно задоволство со јавноста што многу луѓе, уметници и докажани професионалци од филмскиот свет, но и останати ја препознаа идејата за фестивалот и сесрдно се вложија и помогнаа оваа година да се роди истиот. Очекувам и дека целокупната јавност и публиката ќе ја препознаат свежината што преку темите и естетиката на филмовите КинеНова ќе ја донесе во Скопје и Македонија.  Посебно чувство на задоволство имам што на самиот почеток, на своето прво издание овој нов фестивал е  препознаен од огромен број на филмски уметници од целиот свет кои веднаш го прифатија како свој простор, за што зборува бројката од повеќе од 4000 пријавени филмови од 113 земји. Ваквото внимание во меѓународната јавност дава убав поттик и сила за да КинеНова започне да ја трасира својата долга патека на опстојување.

Во рамките на Киненова Скопје ќе има и работилница за развој на сценарија за кратки филмови за македонските млади сценаристи, а ментор ќе биде американскиот скрипт доктор Џон Стивенс. Ќе има панел дискусии, трибини и мастеркласи. 

Кино проекциите ќе одат во Кино Култура, Дом на АРМ, Кинотека на Македонија и Кино Кисела Вода. Билетите ќе чинат по 100 денари, со повеќе опции и попусти за блок набавка, а ќе бидат пуштени во продажба веќе во почетокот нанаредната недела.

Во прилог e и линкот од програмата на фестивалот: http://www.kinenova.com/programa-na-festivalot/



Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет