29 Март, 2024
0.0248

Од бизнис кој умира до големи милиони: Емил Тедески открива како се развива здрав бизнис

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Емил Тедески, сопственик на „Атлантик група“  открива како го заработил првиот милион, но и како се развива бизнис на здрави основи.

Тедески во едно интервју кое го пренесува Индекс, објаснил и како го започнал бизнисот со дистрибуција на гуми за џвакање, а денес вработува преку 5 500 работници. Открил и како ја купил Цедевита и дека тогаш говореле-што ќе му е тоа бидејќи стагнира, а денес говорат-кој идиот му ја продаде Цедевита.

„Мислам дека ние на добар начин управувавме со ризиците. Често сакам да истакнувам дека ние секогаш го имавме тој „за“ и „против“ број 1, ние секогаш се занимававме или заговаравме стратегија да не зависиме од еден производ, еден пазар, еден доставувач, една куќа, ниту од еден човек, а од друга страна секогаш сакавме да станеме во она со што се занимаваме број 1“, вели тој.

Како што рекол, во средината на деведесетите размислувале со уште уште би можеле да се занимаваат за да би можеле да купат некоја компанија, или да основаат свое производство.

„Првата мала аквизација ја направивме кон крајот на деведесетите години кога дословно ја преземавме компанијата која се занимаваше со локално производство на сендвичи од која денес настана „Монтана“, која е најголем произведувач на сендвичи во целиот регион. Но нашиот прв исчекор во производството и во големата аквизација се случи доцна во пролетта во 2001 година кога од „Плива“ на јавен конкурс, а „Плива“ тогаш веќе беше приватна компанија, потсетувам „Плива“ беше првата компанија од цела средна-источна Европа која е листана на лондонската берза, во тој момент „Плива“, и ние во 2001 за големи пари, тогашни 50 милиони германски марки, што денес би било многу повеќе над 100 милиони евра отколку над 50 милиони евра, иако тоа не е по курс, но мораме да гледаме која е вистинската вредност на парите, во натпревар со Колински, Кока-Кола и Подравка, го добивме тој конкурс и на крај останавме сами. Другите конкуренти се откажаа, но ние тука имавме навистина став дека „Цедевита“ е фантастична компанија, дека е извонреден бренд. Иако 9 од 10 колеги ми рекоа дека купуваме бизнис кој умира“, раскажува Тедески.

Интервјуто може да го погледнете подолу:


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка