29 Март, 2024
0.0244

Од денес човештвото живее „на кредит“ на Земјата

Објавено во: Анализа 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од денеска (2 август) човештвото почнува да живее „на кредит“, бидејќи веќе ги потрошило ресурсите кои земјата би можела да ги регенерира за годината. Ова го покажуваат податоците на меѓународната истражувачка организација Global Footprint Network.

Денот во кој човештвото ги апсорбира сите ресурси за годината, настапува уште порано секоја година, посочува организацијата. Ова го вклучува уништувањето на шумите, суша, недостаток на свежа вода, ерозија на почвата, загуба на биодиверзитет и акумулација на јаглерод диоксид во атмосферата.

Организацијата објавува и нов калкулатор, во кој секој човек може да го измери своето еколошко стапало и неговиот личен датум од кој почнува да живее на кредит. Ако тој е пред 2 август, тогаш тоа значи дека личната потрошувачка на ресурси е повисока од просекот на светот. Ако денот настапува порано од 24 април, личната потрошувачка на ресурси е повисоко и од просекот за Германија, а ако е пред 14 март - е повисоко и од просекот на САД.


Најголемо трошењето на ресурси се забележува во Луксембур. Следува Катар - најголемиот производител на природен гас во светот, на 19 февруари.

Австралија ги потрошила своите ресурси за една година до 12 март, Канада - до 13 март, а САД - до 14 март.

Поеколошки се живее во Хондурас, каде годишните ресурси се очекува да ги задоволат потребите на населението до 31 декември.

Во моментов населението на Земјата користи ресурси како за 1,7 планети. Истовремено намалувањето на глобалниот еколошки отпечаток со 50% ќе го премести денот на надминување на ресурсите со 89 дена.

Основен еколошки отпечаток врз Земјата има храната. Со намалувањето на хранливиот отпад половина во светот може да го поништи овој датум со 11 дена, пресметува организацијата, заедно со Центарот за храната и исхраната на концернот Barilla. Конзумирањето на помалку протеинско-интензивна храна во светот може да го поместите овој ден со 31 дена.

„Нашата планета е ограничена, но човечките можности не се такви. Да живееме во рамките на средствата на една планета е технолошки можно, финансиски поволно и единствената шанса за просперитетна иднина“, коментира Матис Вакнергаел, извршен директор на Global Footprint Network, еден од креаторите на калкулаторот за еколошкиот отпечаток.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот