25 Април, 2024
0.0259

Од денеска со Виз Ер директно до Стокхолм

Објавено во: Економија 03 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска летна првиот авион на Виз Ер на новата редовна авионска линија Скопје – Стокхолм. Нискобуџетната авиокомпанија ќе лета  директно од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Скавства“ во Стокхолм, два пати неделно, секој понеделник и петок.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, воспоставувањето на авиолинијата е во рамките на проектот за доделување финансиска поддршка  за поттикнување и развој  на  воздушниот  сообраќај  во  земјава.

Овој проект започна минатата година со цел да се намалат превисоките цени на авионските летови кои го поврзуваат Скопје со останатите градови во светот. Заради  побрз  развој  на  цивилното  воздухопловство  и  формирање  на поконкурентни  и  подостапни  цени  во  воздушниот  сообраќај на поголем број директни дестинации од Скопје, Владата почна да дели субвенции за авиокомпаниите.

Притоа за доделување на финансиската поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, беше избрана компанијата Виз Ер од Унгарија која како авиопревозник од октомври 2012 воспостави шест нови дестинации од аеродромот „Александар Велики“ - Скопје  до Милано – Италија, Ајндховен - Холандија, Дортмунд и Минхен – Германија, Малме – Шведска и Базел Милхасуен – Франција.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди