Од хоби до плата од 400 евра без вложувања
Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2017
Во соседна Србија нема многу фарми со јапонски преперици.
По 45 дена тие несат јајца, а за месец дена може да се заработат 400 евра.
Стефан Нешиќ на почеток овие птици ги чувал само заради задоволство и за некој дополнителен приход.
Потоа останал без работа, и откако пресметал колкави трошоци ќе има за храна, увидел дека може од тоа да живее.
Во 2015 година почнал да чува 250 птици.
Нешиќ објаснува дека сите преперици дневно трошат по 6 килограми храна, а дневно собира по 200 јајца или 6.000 месечно.
Кога ќе ги одбие трошоците вели дека му останува приход од 400 евра.
Додава дека овие јајца се многу здрави за исхрана.