Од инает на сопругот купила грепка и добила милион долари
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2016
Од инает ретко произлегуваат добри работи, но тоа не важи за Гленда Блеквел од Северна Каролина која решила да купи лото тикети само за да му докаже на сопругот дека за џабе фрла пари на игри на среќа.
„Често се карав со сопругот, му велев дека само ги троши парите непотребно, но потоа морав да си ги повлечам зборовите“, изјави за медиумите Блеквел.
Тоа било доволно за да ја „побие“ својата поента, но на големо задоволство бидејќи едната грепка била добитна и носела добивка од 1 милион долари.