ОД КАНЦЕЛАРИИ И ПРОДАВНИЦИ ПРАВАТ СТАНОВИ: И Македонци ги купуваат за ниска цена
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2017
Во соседна Грција простории од канцеларии и продавници се претвораат во станови и апартмани.
Грците ги продаваат за 15.000 евра, а Србите масовно купуваат.
Најголем интерес има за мали објекти со површина од 15 квадрати.
Освен од Србија, купувачи има од Бугарија, Романија, Македонија, Русија и Кипар.
Највеќе станови се купуваат на полуостровот Касандра.
Има и група на купувачи која купува луксузни имоти. Меѓу овие купувачи има од 10 до 20% Бугари или Руси, а 20 до 30% се Грци.