Од коалицијата „За подобра Македонија“ бараат јавна седница за договорот со Бугарија
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017
Пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесат барање за свикување итна седница на Собранието за разгледување на договорот меѓу Македонија и Бугарија на отворена, а не на тајна седница, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски.
Тој нагласи дека Собранието и Владата треба да отворат јавна дискусија за македонско-бугарскиот договор за добрососедство, за да може јавноста да знае што ќе биде потпишано и колкава ќе биде користа од текстот за Бугарија и колкава може да биде штетата за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ очекува Собранието да одржи итна и отворена седница за договорот, да се придружат и да го поддржат и пратениците на владејачкото мнозинство. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат премиерот Зоран Заев да го декласифицира текстот.
Милошоски вели дека пратениците на коалицијата „За подобра Македонија“ нотирале пет суштински слабости кои според нив го прават договорот штетен за интересите на Македонија.